23. Не постапувајте според обичаите на народите што Јас ги гонам пред вас, зашто тие го правеа сè тоа и затоа ми се згади од нив.
24. А Јас ви реков вам: „Вие ќе ја завладеете нивната земја; ќе ви ја предадам вам во наследство: земјата во која течат млеко и мед.” Јас Сум Господ, ваш Бог, Кој ве оддели вас од сите народи.
25. Разликувајте чисто животно од нечисто, чиста птица од нечиста; и не онечистувајте се сами себеси ни со животно, ни со птица, ниту со што и да е што ползи по земјата: што Јас ви ги одделив како нечисти.
26. Бидете свети пред Мене, зашто Јас, Господ, Сум свет; Јас ве одделив од народите, за да бидете Мои.’