Левит (3 Moj.) 2:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ако твојот дар биде лебен принос печен во сад за пржење, нека биде од чисто брашно, бесквасен и замесен со масло.

6. Раскрши го на делови и излеј масло на нив: тоа е лебен принос.

7. Ако твојот лебен принос е варен во сад за варење, нека биде од чисто брашно со масло.

8. Принесувај Му на Господа лебен принос направен така! Нека му биде предаден на свештеникот, а тој ќе го принесе кон жртвеникот.

9. Свештеникот нека оддели дел од лебниот принос, за спомен, па нека го изгори на жртвеник: како жртва паленица на Господа за пријатен мирис!

Левит (3 Moj.) 2