Левит (3 Moj.) 2:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Ако некој сака да Му принесе на Господа жртва лебен принос, неговиот дар нека биде од чисто брашно; нека го излее со елеј и нека стави темјан на него.

2. Тогаш нека им го донесе на Ароновите синови, на свештениците. И нека земе полн грст брашно со маслото и со сиот темјан и свештеникот нека го изгори тоа на жртвеникот, за спомен. Тоа е жртва палена на Господа за пријатен мирис.

3. А што ќе остане од лебниот принос нека им припадне на Арона и на неговите синови - најсветото од Господовите жртви.’

Левит (3 Moj.) 2