Левит (3 Moj.) 19:32-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. ‘Стани пред седа глава; почитувај го лицето на старецот; бој се од твојот Бог. Јас Сум Господ!’

33. ‘Ако странец се насели во вашата земја, не угнетувајте го,

34. Туѓинецот, кој престојува со вас, нека ви биде како ваш сонародник; љуби го како себеси; зашто и вие бевте странци во Египетската Земја. Јас Сум Господ, ваш Бог!’

35. ‘Не правете неправда во судот, во мерките за должина, тежина и обем.

Левит (3 Moj.) 19