Левит (3 Moj.) 19:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Зборувај му на целото општество на Израелевите синови и речи им: ‘Бидете свети, зашто Сум свет Јас Господ, ваш Бог!

3. Бојте се секој од својата мајка и од својот татко; и пазете ги Моите саботи; Јас Сум Господ, ваш Бог!

4. Не обратувајте им се на идолите и не правете си леани богови. Јас Сум Господ, ваш Бог!’

5. ‘Кога ќе Му принесувате на Господа помирителна жртва, принесете ја така за да биде примена.

Левит (3 Moj.) 19