Левит (3 Moj.) 18:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Затоа, пазете ги Моите закони и Моите наредби: кој ќе ги исполнува, ќе биде жив. Јас Сум Господ!’

6. ‘Никој од вас нека не и се доближува на крвна роднина, за да ја открие нејзината голота. Јас Сум Господ!

7. Не откривај ја голотата на татка ти ни голотата на мајка ти. Мајка ти е, не ја откривај нејзината голота.

8. Не ја откривај голотата на жената на татка ти; тоа е голота на твојот татко!

9. Не ја откривај голотата на сестра си - на ќерката на татка ти или на ќерката на мајка ти - било да е родена во куќата или надвор од неа!

10. Не ја откривај срамотата на ќерката на твојот син, ниту на ќерката на твојата ќерка! Па нивната срамота е твоја сопствена срамота.

11. Не откривај ја голотата на ќерката на жената на татка ти! Зашто, родена од татка ти, таа ти е сестра.

Левит (3 Moj.) 18