Левит (3 Moj.) 18:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Вие пак пазете ги Моите заповеди и Моите закони: не правете ниту едно од тие гнасни нешта - ни вие ни странецот, што живее меѓу вас.

27. Зашто сите тие гнасотии ги правеа луѓето на оваа земја, што е пред вас; и земјата стана загадена;

28. за да не ве изблува и вас земјата од себе, кога вие ќе почнете да ја загадувате, како што таа ги изблува народите, кои беа пред вас.

29. Ако некој ги прави сите тие гадости; душите на тие кои го прават тоа ќе бидат истребени од својот народ.

Левит (3 Moj.) 18