Левит (3 Moj.) 18:11-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Не откривај ја голотата на ќерката на жената на татка ти! Зашто, родена од татка ти, таа ти е сестра.

12. Не откривај ја голотата на сестрата на твојот татко! Па таа е крв на татка ти.

13. Не откривај ја ни срамотата на сестрата на мајка ти! Па и таа е крв на твојата мајка!

14. Не откривај ја срамотата на татковиот брат! И не приближувај и се на неговата жена; таа е твоја стрина.

15. Не откривај ја голотата на твојата снаа! Таа е жена на сина ти. Не ја откривај нејзината голота.

16. Не ја откривај голотата на жената на твојот брат! Тоа е голота на брата ти.

Левит (3 Moj.) 18