Левит (3 Moj.) 16:4-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Нека се облече во осветен ленен хитон-кошула; нека облече ленени гаќи на своето тело; нека се препаше со ленен појас, а на главата нека стави ленена митра-капа. Тоа се свети облеки, што ќе ги облече откако ќе се искапе во вода.

5. И нека прими од Израелевата заедница: два јарци за принос за грев и еден овен за паленица.”

6. „Откако Арон ќе го принесе јунецот за принос за грев за себе и ќе направи покривање на гревот за себеси и својот дом,

7. нека ги земе двата јарци и нека ги стави пред Господа при влезот во Шаторот на средбата.

Левит (3 Moj.) 16