8. Ако оној што имал излив плукне на некој што е чист, тој нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.
9. И секое седло на кое ќе седне оној што има излив, нека биде нечисто до вечерта;
10. и секој што ќе се допре до нешто што било под него, нека биде нечист до вечерта.
11. А секој кого ќе го допре, со неизмиени раце, оној што има излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.
12. Глинениот сад што ќе биде допрен од оној со изливот нека биде скршен, а секој дрвен сад нека биде измиен со вода.’
13. ‘Кога ќе се очисти од тоа, оној што има излив, тогаш нека изброи седум дена за своето очистување; нека ја испере својата облека и нека се искапе во жива вода, и нека биде чист.
14. На осмиот ден пак нека земе две грлици или две гулапчиња, нека дојде пред Господа при влезот во Шаторот на средбата, па нека му ги предаде на свештеникот.
15. Свештеникот нека го принесе едното како принос за грев, а другото како паленица. И свештеникот ќе направи покривање на гревот, пред Господа, од неговиот излив.’
16. ‘Кога човекот има семеизлив, нека го искапе во вода целото свое тело и нека остане нечист до вечерта.
17. Секоја облека и секоја кожа на која ќе падне таков семеизлив нека биде испрана во вода и нека остане нечиста до вечерта.
18. Ако некоја жена легне со својот маж и тој исфрли семе, нека се искапат и нека бидат нечисти до вечерта.’
19. ‘Кога жената има крварење, излив на крв од своето тело, нека остане во својата нечистота седум дена; кој ќе ја допре неа, нека биде нечист до вечерта.
20. На што и да легне, за време на својата нечистота, нека е нечисто; на што и да седне, нека е нечисто.
21. Кој ќе ја допре нејзината постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.
22. Кој ќе допре било каков предмет на кој што седела таа, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.
23. А ако се допре до нешто што било на нејзината постела или на предметот на кој што седела таа, нека е нечист до вечерта.
24. Ако некој маж преспие со неа, нејзината нечистота се прилепува до него, и нека биде нечист седум дена. Секоја постела на која ќе легне тој, нека е нечиста.’