Левит (3 Moj.) 15:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Кој ќе се допре до телото на оној што имал излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.

8. Ако оној што имал излив плукне на некој што е чист, тој нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

9. И секое седло на кое ќе седне оној што има излив, нека биде нечисто до вечерта;

10. и секој што ќе се допре до нешто што било под него, нека биде нечист до вечерта.

11. А секој кого ќе го допре, со неизмиени раце, оној што има излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.

12. Глинениот сад што ќе биде допрен од оној со изливот нека биде скршен, а секој дрвен сад нека биде измиен со вода.’

Левит (3 Moj.) 15