1. Господ им рече на Мојсеја и Арона:
2. „Зборувајте им на Израелевите синови и речете им: ‘Кога некој човек има излив од своето тело, неговиот излив е нечист.
3. Еве во што е неговата нечистота ако го има изливот: ако неговото тело го пушти изливот или го задржи - тој е нечист.
4. Секоја постела на која ќе легне оној што има излив нека е нечиста; и секој предмет на кој ќе седне нека е нечист.
5. А секој што ќе ја допре неговата постела, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.
6. Кој што ќе седне на предмет на кој седеше оној, кој имал излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.
7. Кој ќе се допре до телото на оној што имал излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.
8. Ако оној што имал излив плукне на некој што е чист, тој нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.
9. И секое седло на кое ќе седне оној што има излив, нека биде нечисто до вечерта;
10. и секој што ќе се допре до нешто што било под него, нека биде нечист до вечерта.
11. А секој кого ќе го допре, со неизмиени раце, оној што има излив, нека ја испере својата облека, нека се искапе во вода и нека остане нечист до вечерта.
12. Глинениот сад што ќе биде допрен од оној со изливот нека биде скршен, а секој дрвен сад нека биде измиен со вода.’