Левит (3 Moj.) 14:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Потоа свештеникот нека нареди да биде заклана едната птица над жива вода во глинен сад.

6. Потоа нека ја земе живата птица, а тогаш нека ги натопи заедно: кедровото дрво, црвената волна и босилекот во крвта на птицата, заклана над живата вода.

7. И нека го попрска седум пати оној, кој се очистува од лепрата и нека го прогласи за чист, а живата птица нека ја пушти во полето.

8. Очистуваниот нека ја испере својата облека, нека ги истриже сите свои влакна, нека се искапе во вода и ќе биде чист. Потоа нека влезе во логорот, но нека живее седум дена надвор од својот шатор.

Левит (3 Moj.) 14