Левит (3 Moj.) 14:41-53 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Потоа нека заповеда да се истружат сите внатрешни ѕидови на куќата и иструганиот прав да биде фрлен на некое нечисто место надвор од градот.

42. Па нека земат други камења и нека ги вметнат место оние камења. И нека земат друга вар и нека ја варосаат куќата повторно.”

43. „Ако заразата се појави пак, откако беа извадени камењата, а куќата истругана и пак варосана,

44. свештеникот нека отиде да прегледа: ако заразата се раширила по куќата, тогаш тоа е заразна лепра; куќата е нечиста.

45. Домот нека биде урнат, а неговите камења, неговите дрвени делови и сета вар нека бидат однесени надвор од градот на некое нечисто место.

46. Кој ќе влезе во куќата додека е затворена нека биде нечист до вечерта.

47. Кој ќе спие во куќата, треба да ја испере својата облека. И кој ќе јаде во куќата, треба да ја испере својата облека.”

48. „Ако свештеникот дојде и види дека заразата не се раширила по куќата, откако куќата беше варосана повторно, свештеникот нека ја прогласи куќата за чиста, зашто заразата ја нема.

49. А за очистување на куќата нека земе: две птици, кедрово дрво, црвено предено и босилек.

50. Нека заколе една од птиците над жива вода во глинен сад.

51. Потоа нека ги земе: кедровото дрво, босилекот, црвената нишка и живата птица и нека ги накваси во крвта на закланата птица и во живата вода, па нека ја попрска куќата седум пати.

52. Откако ќе ја очисти така куќата со крвта на птицата, со живата вода, со живата птица, со кедровото дрво и со црвената нишка,

53. нека ја пушти живата птица надвор од градот во полето; и ќе го очисти домот, и ќе биде чист.”

Левит (3 Moj.) 14