Левит (3 Moj.) 13:50-53 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

50. Свештеникот, откако ќе прегледа што е заразено, нека го стави тоа настрана за седум дена.

51. А на седмиот ден нека ја прегледа заразата. Ако заразата се проширила по облеката, по основата или потката, или по кожата, или по каков и да е кожен предмет, тоа е заразна лепра. Работата е нечиста.

52. Таа облека - било основата било потката, од волна или од лен, или некаквиот кожен предмет за кого заразата се прилепила - се заразила со лепра, нека се изгори во оган.”

53. „Но ако свештеникот види дека заразата не се проширила по облеката - ни по основата ни по потката, ниту по каков и да е предмет од кожа,

Левит (3 Moj.) 13