Левит (3 Moj.) 13:41-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Ако му испаѓа косата однапред на главата, тој е ќелав на челото, но е чист.

42. Но ако на ќелавоста или однапред од челото се појави црвенобела болест, тоа е лепра што избувнала на неговата ќелавост или однапред од челото.

43. Свештеникот нека го прегледа. Ако утврди дека дамките се - на ќелавоста или однапред од челото - белоцрвени, на изглед како и лепрата по кожата на телото;

44. човекот станал лепрозен, нечист е. Свештеникот треба да го прогласи за нечист - лепрата му е на главата.”

Левит (3 Moj.) 13