Левит (3 Moj.) 13:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Но во денот кога ќе се појави чир на него, ќе биде нечист.

15. Кога свештеникот ќе го види чирот, нека го прогласи болниот за нечист, тоа е лепра.

16. Но ако чирот се измени во бело, човекот нека дојде кај свештеникот.

17. Свештеникот нека го прегледа: ако раната побелела, свештеникот нека го прогласи болниот за чист - тој е чист.”

18. „Кога некому ќе му се појави чир на кожата и оздравел,

19. и ако таму каде што бил чирот се појави бел оток или местото избледнее и побели, или ако се појави белоцрвеникава дамка, човекот нека му се покаже на свештеникот.

Левит (3 Moj.) 13