Левит (3 Moj.) 12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Кажи им на Израелците: ‘Кога некоја жена ќе забремени и ќе роди машко дете, нека биде нечиста седум денови како што е нечиста во времето на својот месечен ред.

3. На осмиот ден детето нека биде обрезано.

4. А таа нека остане уште триесет и три дни, за да се очисти од својата крв; не смее да допира ништо свето, ниту да доаѓа во Светилиштето, додека не се исполни времето на нејзиното очистување.

5. Ако роди женско, нека е нечиста две седмици, како за време на својот месечен ред, и нека остане уште шеесет и шест денови, за да се очисти од својата крв.

6. Кога ќе се исполни времето на нејзиното чистење - било за синче, било за ќеркичка - нека му донесе на свештеникот, при влезот на Шаторот на средбата, едногодишно јагне за паленица и едно гулапче или грлица за жртва за грев.

7. Тој нека го принесе тоа пред Господа и нека ја очисти; и таа ќе биде чиста од течењето на својата крв. Тоа е закон за жена, кога ќе роди било машко било женско чедо.

8. Ако не е во состојба да принесе јагне, тогаш нека земе две грлици или две гулапчиња - едното за паленица, а другото за жртва за грев. Па свештеникот ќе направи да и се покрие гревот и таа ќе биде чиста.’”