9. ‘А од сите водни животни можете да ги јадете овие: сè што живее во водата, било во морињата, било во реките, а има перки и лушпи, можете да јадете.
10. А што нема перки и лушпи во морињата и реките - од сè што плива во водата и од сè што живее во водата - се нечисти за вас.
11. Тие нека се нечисти за вас; не јадете го нивното месо и гнасете се од нивните трупови.
12. И така, сè што е во водата а нема перки и лушпи нека е одвратно за вас.’
13. ‘Од птиците нека ви се одвратни овие и нека не бидат јадени - одвратни се: орелот, орелот стрвник и јастребот;
14. тетребот и соколот од кој и да е вид;
15. гавранот од кој и да е вид;
16. нојот, јастребот кокошкар и галебот; ластовичката од сите видови;
17. бувот, нуркачот, утот;
18. лебедот, неситот и свраката;
19. штркот, чапјата од секој вид; пупунецот и лилјакот.’
20. ‘Сите крилести бубачки што одат на четири нозе нека ви се нечисти!
21. Од сите тие крилести бубачки што одат на четири нозе, можете да ги јадете само оние што имаат на своите ножиња листови за да скокаат по земјата.
22. Од нив можете да ги јадете: секој вид на скакулците, салемот, арголата и зелените скакулци.
23. А сите други крилести бубачки нека ви се одвратни!’
24. ‘И од нив ќе станете нечисти: кој и да се допре до нивната пцовисаница нека биде нечист до вечерта;
25. секој што ќе понесе пцовисаница од нив, нека ја испере својата облека и ќе биде сметан за нечист до вечерта;
26. и животните со нераздвоени копита што не преживаат се нечисти за вас, и секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист!
27. Сите четвороножни животни, што одат на шепи, нечисти се за вас. Секој што ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта.
28. А оној што ќе ја понесе нивната мрша, нека ја испере својата облека и нека биде нечист до вечерта. Тие се нечисти за вас.’
29. ‘Од животните што лазат по земјата нека се нечисти за вас овие: невестулката, глушецот и секој вид гуштери;