31. Тие животни, од сите што ползат, се нечисти за вас. Секој што ќе ги допре мртви, нека биде нечист до вечерта.
32. А врз она на што некое од нив ќе падне мртво, нека биде нечисто: било некаков дрвен предмет или облека, или кожа или мев и секоја работа што се употребува. Секој таков предмет нека се накваси во вода и нека остане нечист до вечерта. Тогаш ќе стане чист.
33. Ако падне некое од нив во некаков земјан сад, скрши го; сè е нечисто во него.
34. А ако капне вода од таков сад на некаква храна, што се јаде, ќе биде нечиста.
35. А сè врз кое ќе падне нешто од нивниот труп, нека биде нечисто; ако тоа биде печка или огниште, нека бидат разурнати: нечисти се за вас и нека бидат нечисти за вас.