Левит (3 Moj.) 11:12-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И така, сè што е во водата а нема перки и лушпи нека е одвратно за вас.’

13. ‘Од птиците нека ви се одвратни овие и нека не бидат јадени - одвратни се: орелот, орелот стрвник и јастребот;

14. тетребот и соколот од кој и да е вид;

15. гавранот од кој и да е вид;

16. нојот, јастребот кокошкар и галебот; ластовичката од сите видови;

17. бувот, нуркачот, утот;

18. лебедот, неситот и свраката;

19. штркот, чапјата од секој вид; пупунецот и лилјакот.’

20. ‘Сите крилести бубачки што одат на четири нозе нека ви се нечисти!

21. Од сите тие крилести бубачки што одат на четири нозе, можете да ги јадете само оние што имаат на своите ножиња листови за да скокаат по земјата.

22. Од нив можете да ги јадете: секој вид на скакулците, салемот, арголата и зелените скакулци.

23. А сите други крилести бубачки нека ви се одвратни!’

24. ‘И од нив ќе станете нечисти: кој и да се допре до нивната пцовисаница нека биде нечист до вечерта;

25. секој што ќе понесе пцовисаница од нив, нека ја испере својата облека и ќе биде сметан за нечист до вечерта;

Левит (3 Moj.) 11