Левит (3 Moj.) 11:11-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Тие нека се нечисти за вас; не јадете го нивното месо и гнасете се од нивните трупови.

12. И така, сè што е во водата а нема перки и лушпи нека е одвратно за вас.’

13. ‘Од птиците нека ви се одвратни овие и нека не бидат јадени - одвратни се: орелот, орелот стрвник и јастребот;

14. тетребот и соколот од кој и да е вид;

15. гавранот од кој и да е вид;

16. нојот, јастребот кокошкар и галебот; ластовичката од сите видови;

17. бувот, нуркачот, утот;

18. лебедот, неситот и свраката;

19. штркот, чапјата од секој вид; пупунецот и лилјакот.’

20. ‘Сите крилести бубачки што одат на четири нозе нека ви се нечисти!

Левит (3 Moj.) 11