1. Господ им рече на Мојсеја и Арона:
2. „Кажете им на Израелевите синови вака: ‘Еве ги животните што од сите четвороношци можете да ги јадете:
3. секое што има копита, но раздвоени копита и што прежива, можете да го јадете.
4. Но овие, иако преживаат или имаат копита, не смеете да ги јадете: камилата, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечиста е за вас;
5. и зајакот, зашто иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас;
6. дивиот зајак, иако прежива, нема раздвоени копита - нечист е за вас.
7. А свињата, иако има копита, не прежива - нечиста е за вас.
8. Не јадете го нивното месо, ниту да се допирате до нивната мрша - тие се нечисти за вас.’
9. ‘А од сите водни животни можете да ги јадете овие: сè што живее во водата, било во морињата, било во реките, а има перки и лушпи, можете да јадете.
10. А што нема перки и лушпи во морињата и реките - од сè што плива во водата и од сè што живее во водата - се нечисти за вас.