Колошаните 3:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Меѓу кои и вие некогаш одевте, кога живеевте во нив.

8. Но сега, отфрлете го и вие сè ова: гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста.

9. Не лажете се еден друг, зашто го соблековте стариот човек со неговите дела

10. и облековте нов, кој се обновува во полно познавање по образот на Оној, Кој го создал,

11. каде нема веќе Грк ни Јудеец, обрезание и необрезание, варварин, Скит, роб, слободен, туку Христос е сè и во сè.

Колошаните 3