Колошаните 2:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. И така, ако сте умреле со Христос, за стихиите на светот, зошто позволувате да ви се определуваат прописи, како да живеете во светов:

21. ”Не фаќај! Не вкусувај! Не допирај!”

22. сè што пропаѓа со употреба - според човечките заповеди и учења;

23. сè ова изгледа мудрост, што се состои во самоволна побожност и понизност и во непоштедна строгост кон телото, а не во нешто чесно, туку само заради задоволување на телото.

Колошаните 2