Колошаните 2:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. и вие сте исполнети во Него, Кој е Глава на секое началство и власт.

11. Во Него сте и обрезани со неракотворно обрезание, со соблекување на гревовното тело, по обрезанието на Христа:

12. откако бевте погребани со Него во крштение, во кое и воскреснавте со Него преку верата во дејството на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.

13. Вас, кои бевте мртви во престапите и необрезанието на вашето тело, ве оживе заедно со Него; простувајќи ни ги сите наши престапи;

14. на тој начин што го избриша дејството, кое со своите одредби беше против нас; го отстрани од среде нас, приковувајќи го на крст;

15. и ги разоружа началствата и властите и јавно ги изложи, победувајќи над нив во тоа.

Колошаните 2