Колошаните 1:16-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него.

17. И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување.

18. Тој е и Глава на Телото, на Црквата: Тој е почеток, Првороден од мртвите, за да биде Прв во сè,

Колошаните 1