Колошаните 1:11-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост

12. да Му благодарите на Бога, Кој нè оспособи за учество во наследството на светите во светлината.

13. Тој нè избави од власта на темнината и нè пресели во Царството на Својот возљубен Син,

14. во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите.

15. Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание,

Колошаните 1