Јован 9:4-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Ние треба да ги извршуваме делата на Оној, Кој Ме прати, додека е ден; доаѓа ноќ, кога никој не ќе може да работи.

5. Додека Сум во светот, Светлина Сум на светот.”

6. Штом го рече тоа, плукна на земјата, направи кал со плунката и со неа ги намачка неговите очи,

7. и му рече: „Оди, изми се во бањата Силоам; што значи: „Пратен”. Тој отиде, се изми и дојде прогледан.

8. А соседите и оние, кои го гледаа порано како просјак, велеа: „Зар не е овој, кој седеше и просеше?”

Јован 9