Јован 8:56-59 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

56. Авраам, вашиот татко, се радуваше да го види Мојот ден, и го виде и се зарадува.”

57. Јудејците Му рекоа: „Уште немаш педесет години, и Авраама си го видел?”

58. Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум, пред да се родил Авраам.”

59. Тогаш кренаа камења, за да ги фрлат на Него; но Исус се скри и излезе од Храмот.

Јован 8