Јован 8:42-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене; зашто Јас од Бога излегов и дојдов; и не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати.

43. Зошто не го разбирате Моето зборување? Затоа што не можете да ја слушате Мојата наука.

44. Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата.

Јован 8