Јован 7:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Кој говори сам од себе - ја бара својата слава; а кој ја бара славата на Оној Кој Го пратил - Тој е вистински; во Него нема неправда.

19. Зар Мојсеј не ви даде Закон? Но, никој од вас не го исполнува Законот. Зошто сакате да Ме убиете?”

20. Народот одговори: „Бес е во Тебе; кој сака да Те убие?”

21. Исус во одговор им рече: „Направив едно дело и сите се чудите.

22. Затоа Мојсеј ви го даде обрезанието - не како тоа да е од Мојсеја, туку од татковците, па вие во сабота обрезувате човек.

Јован 7