Јован 7:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Исус одеше по Галилеја; бидејќи не сакаше да оди по Јудеја, зашто Јудејците Го бараа да Го убијат.

2. А наближуваше јудејскиот празник на Сениците.

3. Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини оттука и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата, што ги вршиш;

4. зашто никој не прави нешто тајно, кога самиот сака да биде познат. Штом ги вршиш тие дела, јави му се на светот.”

Јован 7