Јован 6:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Филип Му одговори: „Не ќе им стигне леб за двеста денарии, па секој од нив да добие по малку.”

8. Еден од Неговите ученици, Андреј братот на Симона Петра, Му рече:

9. ”Тука има едно момче, кое има пет јачмени лебови и две риби; но што е тоа за толкаво множество?”

10. А Исус рече: „Нека поседнат луѓето!” Имено, имаше многу трева на местото, па поседнаа луѓето, на број околу пет илјади.

11. Тогаш, Исус ги зеде лебовите, заблагодари и им ги раздаде на учениците, а учениците на оние што поседнаа; исто така и од рибите, колку што сакаа.

Јован 6