Јован 6:68-71 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

68. Симон Петар Му одговори: „Господи, при кого да отидеме? Ти имаш зборови на вечен живот.

69. Ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.”

70. Исус им одговори: „Зар не ве избрав Јас - Дванаесетмината? Но еден од вас е ѓавол.”

71. А зборуваше за Јуда Симонов Искариотски, зашто тој, еден од Дванаесетте, сакаше да Го предаде.

Јован 6