Јован 6:31-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: „Им даде да јадат леб од небото.”

32. Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото.

33. Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.”

34. Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб.”

35. Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.

36. Но ви реков: иако Ме видовте - не верувате.

Јован 6