Јован 6:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа отиде Исус на другата страна од Галилејското Море, наречено Тиверијадско.

2. Многу народ одеше по Него, зашто ги гледаа чудесата, што ги правеше над болните.

3. Исус се искачи на гората и седеше таму со Своите ученици.

4. А наближуваше јудејскиот празник - Пасхата.

5. Тогаш Исус ги подигна очите и виде дека многу народ доаѓа кон Него, па му рече на Филипа: „Каде да купиме леб, за да се нахранат овие?”

Јован 6