Јован 5:16-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. И затоа Јудејците Го гонеа Исуса, и сакаа да Го убијат, дека тоа го направи во сабота.

17. А Исус им одговори: „Мојот Татко работи постојано, па и Јас работам.”

18. Затоа Јудејците Го бараа уште повеќе да Го убијат, не само дека ја нарушуваше саботата, туку дека и Бога Го наречуваше Свој Татко, изедначувајќи се со Бога.

19. А Исус пак во одговор им рече: „Вистина, вистина ви велам, Синот не може ништо да прави Сам од Себе, ако не види што прави Таткото; зашто она што го прави Таткото истото го прави и Синот.

20. Зашто Таткото Го љуби Својот Син и Му покажува сè што прави Сам и ќе Му покаже дела уште поголеми од овие, за да се чудите.

21. Зашто, како што Таткото воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние, кои што сака.

22. Таткото не суди никого, туку целиот суд Му го даде на Синот,

23. за сите да Го почитуваат Синот, како што Го почитуваат Таткото. Кој не Го почитува Синот - не Го почитува ни Таткото, Кој Го пратил.

24. Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.

25. Вистина, вистина ви велам дека доаѓа час - и веќе е тука - кога мртвите ќе го чујат гласот на Божјиот Син, и кои ќе го чујат, ќе живеат.

26. Зашто како што Таткото има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе.

27. Му ја даде и власта да суди, зашто е Човечки Син.

28. Не чудете се на тоа, зашто доаѓа час во кој сите, кои се во гробовите, ќе го чујат Неговиот глас

Јован 5