Јован 4:35-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. Зар вие не велите: „Уште четири месеци и жетвата ќе дојде! „Еве, ви велам: подигнете ги своите очи и видете ги нивите како побелеле за жетва!

36. Жетварот веќе добива плата и собира плод за вечен живот; да се радуваат заедно и сејачот и жетварот.

37. Зашто во ова вистинска е пословицата: „Еден сее, а друг жние!”

38. Јас ве испратив да жниете, каде што не сте се труделе. Други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.

39. И мнозина самарјани од градот поверуваа во Него по зборовите на жената, која сведочеше: „Тој ми кажа сè што сум направила.”

Јован 4