Јован 4:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Исус научи дека фарисеите чуле оти Тој придобива и крштава повеќе ученици од Јована,

2. - иако самиот Исус не крштаваше, туку Неговите ученици, -

3. ја напушти Јудеја и се врати пак во Галилеја.

4. А требаше да помине преку Самарија.

5. Така дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, во близина на земјиштето, што Јаков му го даде на сина си Јосифа;

6. таму беше Јакововиот Извор. А Исус, изморен од патот, седеше така на кладенецот; беше околу шестиот час.

7. Дојде една самарјанка, за да нацрпи вода. Исус и рече: „Дај Ми да пијам!”

8. Зашто учениците Негови беа отишле во градот да купат храна.

Јован 4