Јован 3:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.

8. Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.”

9. Никодим Му одговори и рече: „Како може да биде тоа?”

10. Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа?

11. Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво.

12. Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните?

Јован 3