Јован 3:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е.

7. Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.

8. Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.”

9. Никодим Му одговори и рече: „Како може да биде тоа?”

10. Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа?

11. Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво.

12. Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните?

13. И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.”

14. И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син,

15. та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот.

Јован 3