5. Исус му одговори: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.
6. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е.
7. Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.
8. Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.”
9. Никодим Му одговори и рече: „Како може да биде тоа?”
10. Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа?
11. Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво.
12. Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните?
13. И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото.”
14. И како што Мојсеј ја издигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Човечкиот Син,
15. та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот.
16. Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
17. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.
18. Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.
19. Судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, зашто делата им беа зли.
20. Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат откриени неговите дела;
21. а кој ја извршува вистината оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога.