Јован 3:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.”

4. Никодим Му рече: „Како може да се роди човек, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?”

5. Исус му одговори: „Вистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство.

6. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е.

7. Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.

8. Ветерот дува каде што сака, и го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој, кој е роден од Дух.”

9. Никодим Му одговори и рече: „Како може да биде тоа?”

10. Исус му одговори и рече: „Ти си Израелев учител, и не го знаеш ли тоа?

11. Вистина, вистина, ти велам: зборуваме за она, што знаеме; сведочиме за она што сме виделе; а сепак не го примате нашето сведоштво.

Јован 3