28. Вие сами сте мои сведоци дека реков: „Јас не сум Христос, туку сум испратен пред Него.”
29. Кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, се радува многу штом ќе го чуе гласот на младоженецот. И така, оваа моја радост се исполни.
30. Тој треба да расте, а јас да се смалувам!”
31. Кој доаѓа одозгора, над сите е; кој е од земјата, земен е и зборува земски. Кој доаѓа од небото над сите е;
32. тој сведочи за она што видел и чул, но никој не го прима Неговото сведоштво.
33. Кој го примил Неговото сведоштво, потврдува дека Бог е вистински.
34. Зашто Оној Кого Бог Го испратил говори Божји зборови; бидејќи, Бог не дава Дух со мерка.
35. Таткото Го љуби Синот и сè предаде во Неговата рака.
36. Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.”