Јован 3:28-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Вие сами сте мои сведоци дека реков: „Јас не сум Христос, туку сум испратен пред Него.”

29. Кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, се радува многу штом ќе го чуе гласот на младоженецот. И така, оваа моја радост се исполни.

30. Тој треба да расте, а јас да се смалувам!”

31. Кој доаѓа одозгора, над сите е; кој е од земјата, земен е и зборува земски. Кој доаѓа од небото над сите е;

Јован 3