Јован 3:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. И дојдоа при Јована и му рекоа: „Учителе, ене, Оној Кој беше со тебе на онаа страна на Јордан, за Кого ти сведочеше, Тој крштава, и сите одат при Него.”

27. Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да земе, ако не му е дадено од небото.

28. Вие сами сте мои сведоци дека реков: „Јас не сум Христос, туку сум испратен пред Него.”

29. Кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, се радува многу штом ќе го чуе гласот на младоженецот. И така, оваа моја радост се исполни.

30. Тој треба да расте, а јас да се смалувам!”

Јован 3