Јован 21:3-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Симон Петар им рече: „Одам да ловам риби!” Му рекоа: „Доаѓаме и ние со тебе.” Така излегоа и влегоа во кораб, но таа ноќ не фатија ништо.

4. А кога се разденуваше, Исус застана на брегот; но учениците не знаеја дека е Исус.

5. Исус им рече: „Деца, имате ли нешто за јадење?” Му одговорија: „Немаме.”

Јован 21