Јован 20:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Откако го рече тоа им ги покажа рацете и ребрата. И учениците се зарадуваа, кога Го видоа Господа.

21. Тогаш Исус пак им рече: „Мир вам! Како што Ме прати Таткото и Јас ве праќам!”

22. Кога им го кажа ова, дувна во нив и им рече: „Примете Свети Дух!

23. На кои ќе им ги простите гревовите - простени им се; на кои ќе им ги задржите - задржани им се!”

24. А Тома, наречен Близнак, еден од Дванаесетте, не беше со нив, кога дојде Исус.

Јован 20