17. Неговите ученици се сетија дека е напишано: „Ревноста за Твојот Дом Ме изеде.”
18. Тогаш Јудејците Го прашаа: „Со каков знак ни го докажуваш тоа што го правиш?”
19. А Исус им одговори и рече: „Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!”
20. Тогаш Јудејците рекоа: „Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?”
21. Но Тој зборуваше за Храмот на Своето тело.
22. Кога воскресна, пак, од мртвите, Неговите ученици се сетија дека го рече тоа; па им поверуваа на Писмото и на зборот, што Исус им го рече.
23. А кога беше во Ерусалим, на празникот Пасха, мнозина поверуваа во Неговото име, гледајќи ги знаците, што ги правеше.